Услови за користење

Општи одредби

Добредојдовте.

Со Вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно.

Заштита на лични податоци

Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за заштита на лични податоци, објавена на насловната страница.

Електронска комуникација

Со Вашата посета на Paperpoint.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата.

Со регистрацијата добивате можност за известувања за попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме испратете ја Вашата е-адреса.

Вашето корисничко име и лозинка

Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка. Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на ПАПЕР ПОИНТ Скопје, со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата кредитна картичка.

Употреба

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме Вашите лични податоци за:

- Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате,

- Решавање на спорови или решавање на проблеми,

- Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности,

- Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата,

- Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

Коментари, прегледи и друга содржина

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. ПАПЕР ПОИНТ  го задржува правото да ги отстрани тие пораки.

Опис на производот

За сите описи на производите направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, ПАПЕР ПОИНТ не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од ПАПЕР ПОИНТ не е во согласност со описот, Ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.

Цени

Сите цени се изразени во денари без вклучен ДДВ и не ги вклучуваат и трошоците за дистрибуција.

Враќање на производ

Секој производ кои ќе го купите од Папер Поинт со кои не сте задоволни, не ви се допаѓа или сте се предомислиле во меѓувреме имате право да го вратите и за тоа ќе ви биде вратен уплатениот износ. При тоа потребно е да не известите писмено во рок од 15 дена по приемот на пратката, а пратката да ја доставите во оргиналната неоштетена амбалажа и во целокупност, неупотребена и неоштетена на нашата адреса во рок од 30 дена. Уплатениот износ ќе биде вратен следниот работен ден по преимот на пратката. 

Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на БА КОМПАНИ ДООЕЛ - Скопје и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

Ограничување од одговорност

ПАПЕР ПОИНТ Скопје овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.

Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

ПАПЕР ПОИНТ не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.

Законски одредби

Со посетата на Paperpoint.mk како и сите други линкови кои пренасочуваат на оваа страна се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

Политики и измени

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. ПАПЕР ПОИНТ го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.

Адреса:

БА КОМПАНИ Дооел Скопје,

ул. Борис Трајковски 204б

Скопје
 

www.Paperpoint.mк

www.ba.mк

www.bacompany.mk

info@paperpoint.mk

02/2467 522

За нас

Паперпоинт е првиот македонски специјализиран веб шопинг центар наменет претежно за деловни корисници во Македонија. Е-продавницата содржи разни категории од производи од хартија, материјали за пакување, самолепливи етикети, лепливи траки, хартиени кеси, термални фискални ролни и сл., може да се прошетате и да го разгледате она што Вам Ви е потребно или Ви се допаѓа.

повеќе..

Контакт

  • +389 2 2467 522
  • +389 2 2467 523
  • orders@ba.mk

Facebook

PAPERPOINT © 2024. UKION SHOPS